сабота, 2 мај 2026

Коце Трајановски, потенцијален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски исто така кажа дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, како и дека се преговара за коалиција, но не само со албанските партии, туку и со српски, бошњачки, турски,…

„Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Едно од имињата кое се мери на анкетите е и Трајановски. Има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато“, рече Мицкоски.

Инаку, Трајановски пред да стане градоначалник на Скопје беше градоначалник на Општина Гази Баба, а на претходните локални избори во 2017 година не успеа да добие трет мандат откако беше поразен од Шилегов. Трајановски вчера говореше на партиска трибина во Гази Баба, каде што рече дека со СДСМ на власт општините и јавните претпријатија тонат во долгови, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи за општественото добро и ќе изгради силни и развиени европски општини.

Мицкоски денеска повтори дека очекува сериозна победа во 15-те општини за чии кандидати зборуваше, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ била фаворит за претстојните избори, а СДСМ, според него, може да победи само ако ги наполни кутиите. Исто така најави и дека наскоро ќе бидат познати и политичките партии кои ќе ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје.

Во однос на терминалите за отисок за кои вчера на брифинг Љупчо Николовски кажа дека е можно и да нема за претстојните локални избори, Мицкоски рече дека нивното обезбедување е законска обврска.

„Ако е точно дека така рекол, значи дека оној што треба да го почитува законот, свесно најавува негово кршење. Ако знае нешто што ние не знаеме, треба да ѝ соопшти на јавноста. Не верувам дека членовите на ДИК се подготвени како Николовски да го кршат Законот. Очекувам терминалите за отисок од прст да бидат успешно обезбедени, инсталирани и функционални“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ