среда, 6 мај 2026

Касами: Видеопораката на Реџепи може да значи дека е киднапиран, го нема ниту неговото семејство

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што постојано се истакнува дека со оваа власт остануваме на евроатланските патишта не е точно, не станува збор за евро-интеграциска, туку за криминализирана власт. Не може 24 часа никаде да го нема пратеникот кој има имунитет и никој за целото тоа време да не презема ништо. Ги повикувам и премиерот и власта да го пронајдат Реџепи, да утврдат за што станува збор и што се случува што е поврзано со него и да соопштат“, рече Касами по излегувањето од полициската станица, и нагласи дека има место за сомнежи бидејќи токму со гласот на Реџепи Владата може да падне.

Касами рече дека пријавил во полициската станица и нагласи дека е исчезнат Реџепи заедно со семејството, ја нема никаде мајка му, сопругата, а го нема ниту синот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ