среда, 6 мај 2026

Груби: Срцето на Кастриот Реџепи спие во Вашингтон и во Брисел

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со обвинувањата на опозицијата дека „некој од власта му се заканувал“ на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев, Груби истакна дека тоа не е вистина.

„Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД. Ми беше колега во холандската амбасада, сме работеле заедно и ги знам неговите убедувања дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел“, изјави Груби за ТВ21.

Прашан дали некој претставник на Владата од ДУИ или од СДСМ имал контакт со Кастриот Реџепи, Груби одговори дека тој не контактирал со него. Не можам да тврдам, јас не, изјави Груби, кој е и генерален секретар на ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ