
Во извештајот од извршената ревизија на усогласеност на тема „Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија“ ДЗР издаде мислење дека пописот на средствата, побарувањата и обврските во СОЗР е нецелосен и во одредени сегменти не е постапено согласно законската регулатива.
„Клучните препораки од ДЗР се да преземе активности за воспоставување на внатрешна евиденција на недвижни ствари и да се достават предлози до Владата за да се добијат насоки за регулирање на нивниот правен статус, да преземе активности за утврдување на имотот и опремата, која се наоѓа на локации во други држави, да дадат појаснување за причините за настанатите кусоци, како и вишоци и разлики во побарувања и обврски кон добавувачи“, информира ДЗР.






