За градоначалник на Град Скопје во проценти, но врз база на мал број обработени податоци може да се соопшти дека кандидатот Петре Шилегов добил 35,26 проценти од гласовите, додека Данела Арсовска доби 38,15 отсто од гласовите. За резултати за Советот на Град Скопје имаме мал процент на обработени податоци“, рече Даштевски.
Во ДИК во текот на денот беа прифатени 217 приговори od 286 приговори кои се однесуваа на гласачко право. Констатирано е за прифатените дека тие лица постојат во избирачкиот список. За 11 избирачки места во кои беше продолжено гласањето изборниот процес е завршен и немало проблеми. Во 22.55 часот е завршено гласањето на едно избирачко место, рече Даштевски.
На оваа долгоочекувана прес-конференција на ДИК, која се одржа речиси 6 часа по затворањето на гласачките места, не беше соопштена ниту излезноста на изборите, ниту бројот на обработени податоци, туку само беше кажано дека се добиени 47 проценти од изборниот материјал.






