понеделник, 4 мај 2026

Даштевски по реакцијата на ЗНМ: Се извинувам ако некому сум му погрешил, изборниот процес и за мене е стрес

Објавено на

часот

Сподели

„Се извинувам ако некому сум погрешил, но денот на изборите и за мене е стресен”, рече Даштевски пред почетокот на вечерашната прес-конференција.

На прашање од новинарка во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање после 19 часот, како и за најавата за продолжување на медиумскиот молк, тој, наместо да одговори конкретно имаше вербална расправа со колешката. Имено Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што ѝ се обрати со зборовите: „Треба да се информирате добро пред да поставите некое прашање”, како и тоа дека новинарката треба да го чита законот пред да прашува.

„Го потсетуваме ретседателот Даштевски дека според Изборниот законик, член 31, ДИК има обврска да ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право. Од друга страна, новинарот има право да изрази мислење и да постави прашање без разлика од кој медиум доаѓа и дали истото прашање му се допаѓа на претседателот на ДИК или не.

Оттука, потсетуваме дека новинарите и медиумите играат клучна улога во процесот на изборите, не само да направат увид на работата на надлежните институции, туку и да им овозможат на граѓаните да ги имаат сите потребни информации. За да биде задоволено правото за информирање, посебно на денот на изборите, нужно е ДИК и сите останати институции да се отворени кон новинарите преку навремено и целосно давање на информации на неселективен начин”, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Освен ова, се додава дека во текот на денот до ЗНМ пристигнале неколку поплаки од онлајн медиуми и тоа за попречување на нивната работа од страна на симпатизери на политички партии, како и за несоодветен однос на припадници на МВР во Скопје, но и во неколку други градови.

„Со цел да не се остави впечаток во јавноста дека органите за прогон ги игнорираат овие случки бараме нивно итно расчистување од страна на полицијата и брзо информирање на јавноста”, велат од ЗНМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ