понеделник, 4 мај 2026

Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај добија градоначалници во првиот круг

Објавено на

часот

Сподели

Во Бутел во првиот круг за градоначалник е избран Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,79 отсто од гласовите пред Велимир Смилевски од СДСМ кој освои 40,01 отсто, во Гази Баба е избран Бобан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ со 60,07 отсто од гласовите пред Борис Георгиевски од СДСМ со29,45 отсто. Во Кисела Вода во првиот круг за градоначалник е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,53 отсто од гласовите пред Филип Темелковски од СДСМ со 27,46 отсто, а во Сарај втор мандат доби градоначалникот е Блерим Беџети од ДУИ со 73,10 отсто освоени гласови пред Керим Мамути од Алијанса за Албанците и Алтернатива со 17,65 отсто.

Во Аеродром од обработени 74,19 проценти од гласовите, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ има 56,29, а Александар Филиповски од СДСМ 25,68 отсто од гласовите. Во Центар од преброени 91,03 проценти, води Горан Герасимовски од СДСМ со 40,38, пред Наташа Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 33,25 отсто од гласвоите. Во Карпош од обработени 94,59 отсто, најмногу гласови има Душко Весковски од СДСМ 33,47, а втор е Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ со 24,08 отсто.

Втор круг ќе има и во Шуто Оризари каде што Ферат Асан од СДСМ доби 37,18 отсто од гласовите пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 25,46 отсто. Во Чаир се обработени сите избирачки места и за градоначалник во вториот круг ќе се тркаат Висар Ганиу од ДУИ 48,90 и Беким Сали од Алијанса/Алтернатива 36,98 отсто од гласовите. Во Ѓорче Петров од преброени 83 отсто од гласовите, води Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,81 отсто од гласовите пред Александар Наумоски од СДСМ со 33,89 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ