понеделник, 4 мај 2026

И Македонците во Австралија му оддадоа почит на Гоце Делчев

Македонската заедница од Мелбурн и Викторија денеска му оддаде почит на македонскиот апостол Гоце Делчев по повод 123 годишнината од убиството на 4 мај 1903 година. Комеморацијата се одржа пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на Македонската православна црква „Св Ѓорѓи и Пресвета Богородица”.

Објавено на

часот

Сподели

Комеморацијата почна со свештениците отец Климент Станковски и Преподобниот Архимандрите Гаврил. Потоа зборуваше претседателот на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија Дејан Змејковски и Ицо Најдовски Перин, член на Управата.
Венци положија претставници на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, Светскиот македонски конгрес за Австралија, Ансамблот „Тоше Проески”, здруженијата „Македонски штит” и „Македонски бунт” и Саша Узунов, воен ветеран на Австралија и новинар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ