понеделник, 4 мај 2026

„Јон Вардар против галаксијата“ во официјална селекција на фестивал во Чиле

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со своето меѓународно патување, овојпат со учество на FIXION Fest – фестивал за фантастичен и хорор филм кој се одржува во Чиле.

Објавено на

часот

Сподели

Филмот е избран меѓу десетте долгометражни остварувања во официјалната селекција, во рамки на јубилејното десетто издание на фестивалот. Селекцијата опфаќа наслови од различни делови на светот, со фокус на современата жанровска продукција.

„Јон Вардар против Галаксијата“ претходно беше прикажан на повеќе фестивали во Латинска Америка, вклучително и на некои од најголемите на континентот, како фестивалите во Сао Паоло и Буенос Аирес. Како прво долгометражно анимирано остварување на нашата земја, за филмот беше објавен и напис на CNN Brasil. Од продукцијата најавуваат уште новости поврзани со Латинска Америка.

Сценариото и режијата ги потпишува Гоце Цветановски, продуцент е Алан Кастиљо, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, директор на анимација е Димитар Ѓоргиев, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ