понеделник, 4 мај 2026

Кливленд подобар во „мајсторката“ со Торонто за втора плејоф фаза во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс изборија место во полуфиналето на Источната конференција, откако во решавачкиот седми натпревар пред своите гледачи го совладаа Торонто Репторс со 114-102 и ја затворија серијата со 4-3.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во центарот на вниманието беше Џарет Ален, кој одигра натпревар за паметење токму кога беше најпотребно. Центарот на Кливленд доминираше под кошевите и запиша 22 поени, 19 скока и 3 блокади, со што ги замолкна критиките дека не се снаоѓа во клучни моменти. Солидна поддршка доби од Донован Мичел кој исто така постигна 22 поени, додека Џејмс Харден придонесе со 18 поени и 6 скока.

На спротивната страна, Скоти Барнс беше најрасположен со 24 поени, 9 асистенции и 6 скока, а Ар Џеј Берет додаде 23 поени и 6 асистенции, но тоа не беше доволно за пресврт.

Во следната рунда, Кливленд ќе се соочи со Детроит Пистонс, лидерот на Источната конференција, кој во својата серија беше поуспешен од Орландо Меџик, исто така по седум одиграни натпревари.

Пистонс ќе имаат предност на домашниот терен во претстојниот дуел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ