понеделник, 4 мај 2026

Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија

Фудбалска федерација на Македонија информираше дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката доаѓа во пресрет на следниот репрезентативен циклус, во кој селекторот Гоце Седлоски ќе треба да направи нова распределба на улогите во својот тим. Од федерацијата преку официјално соопштение се обратија до јавноста:

Селекторот Гоце Седлоски во наредниот период дополнително ќе одреди замена на неговата позиција. Му благодариме на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.

Се очекува во наредниот период да биде познато името на новиот член во стручниот штаб на националниот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ