понеделник, 4 мај 2026

Уште три репрезентативци на Македонија викендов станаа шампиони

Освен Никола Серафимов, уште три македонски репрезентативци станаа шампиони на клупски план овој викенд.

Фото: FK Borac Banja Luka/Facebook

Објавено на

часот

Сподели

Бајката на Тун од второлигашки тим до шампион на Швајцарија беше комплетирана викендов. Првиот ривал за трофејот Сент Гален загуби од Сион (3-0) и тоа беше доволно за Тун да остане недостижен на врвот. Овој тим минатата сезона играше во втората лига, а сега успеа да седне на швајцарскиот трон.

На трофеј се радуваа и новиот репрезентативец Себастијан Херера, како и искусниот голман Дамјан Шишковски со својот Борац.

Тимот од Бања Лука славеше во дербито со Сараево (0-1) и во 32 коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина математички стана првак. Моментално Борац има 13 бода повеќе од Зрињски, со уште четири кола до крајот на сезоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ