петок, 8 мај 2026

Бугарскиот премиер Петков ја пратил советничката Чернева во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Чернева била во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, а целта била да се подготви претстојната посета на Петков на Скопје во јануари годинава.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, најави дека откако новата влада во Македонија ќе положи заклетва, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Во меѓувреме, организациите на Бугарите од Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Македонија, а бугарскиот претседател Румен Радев се очекува да го свика Советодавниот совет за национална безбедност на 10 јануари за да разговара за рамката за односите со Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ