
Трифонов, од чија партија доаѓа новата бугарска министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, предлага САД да ги укинат визите за бугарските граѓани, а ЕУ да дозволи влез на Бугарија во Шенген зоната, па откако Македонија ќе ги исполни условите од Договорот за пријателство и добрососедство ќе може да започнат преговорите за членство во Унијата.
„Бидејќи Американците толку многу сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ, на граѓаните на Бугарија како на граѓаните на повеќето држави во Европската Унија да не им требаат визи за Америка. Ние сме полноправна членка на ЕУ.
Второ, повторно бидејќи сме полноправна членка на ЕУ, Бугарија веднаш треба да стане дел од Шенген зоната. Аман од чекање, иако сме Европејци, помалку сме Европејци од вистинските Европејци. Така што, без визи во Амрика и дел од Шенген, веднаш. Бидејќи Сад и ЕУ бараат од нас да бидеме лојални партнери, добро, ама лојалноста е двострана. Ние ќе бидеме лојални кон нив, но и тие нека бидат кон нас. Така е чесно и редно“, пишува Трифонов.
Дури откако ќе се исполни тоа и откако, како што вели, Македонците – извинете северномакедонците ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство и добрососедство, може да го започнеме преговарачкиот процес за влез на Северна Македонија во ЕУ.
Тој во објавата пишува и за искуството од неговата единствена посета на Македонија и дека пред бугарската амбасада видел натпис „Умрете Бугари!“, прашувајќи се што направиле Бугарите за да има толкава омраза.
„Од чисто историски и емоционални причини, не треба ли да е обратно? Нели стотици илјади од вас имаат бугарски пасоши? За да земете буграски пасош треба да докажете дека имате бугарски корени. Значи вие кои имате бугарски пасоши во Македонија – извинете, во Северна Македонија, сакате самите да се мртви, зашто сте Бугари по пасош и по ваша желба.
Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи самите вие сте фашисти“, пишува Трифонов, изнесувајќи ги предлозите пред најавениот Консултативен совет кај претседателот Румен Радев на темата Македонија по, како што вели, притисокот од сите да ги пуштат Македонците во ЕУ.






