петок, 8 мај 2026

Бочварски вели институциите бараат начин за да спречат нелегален превоз на патници

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање што презема Министерството за транспорт за санкционирање на превозниците без лиценци и дали е почната проверка на сите издадени лиценци за вршење превоз, Бочварски рече дека се постапува секојдневно.

„Како Министерство постапуваме секојдневно. Таму каде што согласно Законот можеме, веднаш ги одземаме и лиценците и сите оние документи за кои компаниите немаат документација или прекршиле некаков член од законите. Што се однесува до овој случај конкретно, Министерството за внатрешни работи постапи во негова ингеренција и се санкционираше еден ваков пример, што значи дека државата работи на сузбивање на сите овие појави кои се случуваат. Ние како Министерство продолжуваме со активна работа и борба против ваквите појави во државата“, рече Бочварски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ