петок, 8 мај 2026

Авторите Филип Конески и Даница Спасевска добитници на Големата годишна награда за архитектура

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, во своето обраќање говореше за критериумите и различните аспекти кои ги опкружуваат архитектите денес, соочени со предизвикот да реализираат успешно и естетско дело кое ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе премисата, градба по мерка на човекот.

Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања, рече претседателот Пендаровски.

Во тој контекст претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од овозможување услови архитектурата да ја исполнува својата примарна цел и да го облагородува просторот, но и нашите животи.

Затоа, како заедница сме обврзани да придонесеме за творечката слобода и за професионалниот интегритет на македонските архитекти, рече Пендаровски.

Честитајќи за годинашното најуспешно реализирано архитектонско дело, Пендаровски изрази уверување дека ќе ги надминеме сите предизвици наметнати од ковид-19 и ќе можеме да се фокусираме на создавање и креирање, на творештво и градење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ