сабота, 2 мај 2026

Анализа: Жените изоставени во медиумското предизборно претставување на националните телевизии

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, што за потребите на Агенцијата го изработи тим на Институтот за демократија „Социетас цивилис” Скопје (ИДСЦС) се вели дека во прилозите за изборната кампања, од вкупно 134 претставници на политички партии, 128 беа мажи, наспроти 6 жени. Во дневно информативните емисии на изборни теми, како примарни субјекти се појавуваа 86% мажи, наспроти 14% жени.

Квалитативната анализа на содржината на дневноинформативните емисии, меѓу другото покажа дека во 9 прилози претставувањето на жените беше сексуално објективизирано, додека во 6 прилози беше забележана стереотипизација врз основа на родовите улоги претпоставени од општеството.

Родовата стереотипизација најчесто беше присутна во платените политички реклами. Таа се забележуваше во однос на општествените улоги на жените и на мажите, особено во делот на грижата за семејството, храброста и херојството и професиите.

Ваквата поставеност на медиумското известување во однос на изборната кампања во голема мера е паралелна и со родовиот (дис)баланс во медиумското известување во светот, генерално.

Примерокот за анализата беа вкупно 2.056 медиумски содржини: прилози во дневноинформативни емисии, интервјуа, дебати и спотови на платено политичко рекламирање кои беа поврзани со Предвремените парламентарни избори спроведени на 15 јули 2020 година, емитувани во периодот од 24.06 до 12.07.2020 година на националните терестријални телевизиски сервиси во земјата: МРТ 1 и МРТ 2, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ