сабота, 2 мај 2026

Алијанса за Албанците: Срамна злоупотреба на „Преспа форумот“, во каква улога беше Ахмети?

Објавено на

часот

Сподели

„Алијанса за Албанците прашува јавно – во каква улога учествуваше Али Ахмети на овој форум организиран со парите на граѓаните. Ако бил во својство на пратеник, потсетуваме дека Собранието на Северна Македонија има уште 119 други пратеници, но ако учествувал како претседател на партија, исто така имаме уште многу други претседатели на партии кои што допринеле во овој процес“, се нагласува во соопштението.

Освен ова, наведува партијата, имајќи го предвид и фактот дека оваа конференција е фокусирана на надминување на билатералните недоразбирања во регионот, не може, а да не се забележи неприсутноста на претставници на Бугарија, во време кога спорот со Софија ги спречува преговорите со ЕУ.

„Сето ова отвара дилеми дали претставниците на Бугарија ја бојкотирале конференцијата или воопшто не беа поканети“, прашува Алијанса за Албанците.

Партијат во реакцијата нагласува дека со овој настан, „лидерите на ДУИ уште еднаш докажаа дека се најголемите непријатели на демократскиот дијалог, најкорумпираните изнудувачи на јавниот имот и најголемите манипулатори на агендата за интеграција“.

За злоупотребите од страна на ДУИ, како што се наведува на крајот од реакцијата, Алијанса за Албанците ќе ги информира дипломатските претставништва на пријателските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ