понеделник, 12 мај 2025
Жална вест

Почина проф. д-р Миле Димитровски, доајен на научната мисла во македонското машинство

На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет.

Објавено на

часот

Сподели

Доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија, проф. Димитровски остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот.

Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и стручни трудови и книги, со што даде несебичен придонес во развојот на инженерската мисла.

Беше и основач и прв претседател на Комората на овластени инженери на Македонија, поставувајќи темели за професионалниот развој и етика во инженерската фела.

Погребот ќе се одржи денеска со почеток во 11:30 часот на гробиштата Бутел.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ