понеделник, 25 мај 2026

Oсомничениот во шпионската афера во кабинетот на претседателката е пензиониран армиски специјалец

Пензиониран армиски специјалец, припадник на едницата Волци, е компјутерскиот техничар осомничен за аферата во претседателскиот кабинет. Итото лице работело во кабинетите на поранешните претседатели Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровки, објавува ТВ Телма.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица Волци каде бил подофицер надлежен за врски и комуникации во единицата. Бил преземен од кабинетот во времето кога аѓунтант на тогашниот претседател Ѓорге Иванов беше генералот Васко Ѓурчиновски.

Осомничениот ја вршел истата функција и во кабинетот на Стево Пендаровски, а продолжил и во третиот за него кабинет – актуелниот на Сиљановска Давкова. На работа одел во кабинетот како надворешен соработник, а работното место му било во армиските специјалци каде се добива и бенефициран стаж. Поради тоа заминал во пензија, но бидејќи не можело да се добие одобрување од Министерство за финансии за ново вработување, осомничениот продолжил и како пензионер да го опслужува кабинетот на претседателката, објави телевизијата.

Јавното обвинителство на 20 мај објави дека за овој случај се води предистрага од декември лани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ