среда, 20 мај 2026

Предистрага на Обвинителството поради сомнежи за шпионажа во кабинетот на Сиљановска

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе неколку месеци води предистрага за можни незаконски активности во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поврзани со сомнежи за извлекување и енкриптирање доверливи податоци, објави Слободен печат.

Објавено на

часот

Сподели

Предистрагата почнала по добиена анонимна кривична пријава од „група вработени во МВР“ во која се тврди дека од компјутерскиот систем во претседателскиот кабинет биле копирани и шифрирани доверливи податоци, кои можеби звршиле кај странски разузнавачки служби. Во предитргт е опфтени уште неколку лица од претседателскиот кабинет и повеќе од десетина вработени во Агенцијата за разузнавање.

„Слободен печат“ објави дека предистрагата почнала уште лани во декември по известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР. Но, немало никакви резултати, па група вработени во МВР во март годинава, под сомневање дека некој се обидува да го заташка случајот, поднеле кривична пријава за случајот која ја објавиле на социјалните мрежи.

Од МВР потврдуваат дека била одземена компјутерска опрема и мобилни телефони и дека анализата на електронските докази е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ