Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.
Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од Окта како во големопродажба така и во малопродажба.
Од компанијата посочуваат дека со оваа мерка им се остава можност на трговците да ја рефлектираат поддршката во крајните цени за потрошувачите, но нагласуваат дека тие и понатаму самостојно ги креираат малопродажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарните услови.
Според процените, вкупниот придонес на Окта за поддршка на пазарот преку вакви мерки ќе надмине седум милиони евра.






