сабота, 23 мај 2026

Заседава кризниот штаб во Тетово, бројот на загинати лица не е соопштен

Објавено на

часот

Сподели

Засега нема официјална информација колку лица го загубиле животот во страотниот пожар што ја зафати модуларната ковид – болница во Тетово, но министгерот за здравство Филипче претходно изјави дека станува збор за голема несреќа и дека има починати лица.

И заменик командирот на противпожарната бригада од Тетово во изјава за медиумите потврди дека има починати, но не можеше да каже за колкав број станува збор.

Неофицијално, има починати и повредени лица меѓу болните, но и меѓу медицински лица и други вработени.

Инаку, огнот многу брзо се проширил, дури и експлозивно, што можеби упатува на фактот дека бил потпомогнат од кислородната инсталација, потребна за ковид – пациентите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ