сабота, 23 мај 2026

Вардар ја завршува сезоната и ја почнува шампионската прослава

Денеска со почеток од 18 часот Вардар ја пречекува Шкендија во меч од последното коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а откако ќе заврши натпреварот, ќе стартува прославата за шампионската титула.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар во минатото коло ја завери шампионската титула, па денешниот меч против Шкендија ќе биде само можност да се поздрават фудбалерите од страна на навивачите за успехот кој го имаа оваа сезона.

Откако ќе заврши натпреварот, ќе почне прославата која ќе се одржи на „Школка“ во Градскиот парк.

Пред натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, се игра дуелот меѓу Арсими и Струга, тој меч е закажан од 16 часот.

ПМФЛ 33. коло:

Сабота
Арсими – Струга
Вардар – Шкендија
Недела
Брера – Шкупи
Пелистер – Башкими
Понеделник
Македонија ЃП – Силекс
Работнички – Тиквеш

Табела: Вардар 80, Шкендија 74, Струга 62, Силекс 53, Тиквеш 45, Арсими 43, Башкими 42, Пелистер 37, Брера 37, Работнички 33, Македонија ЃП 31, Шкупи 1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ