Инаку, во државата досега се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.
Последните бројки на Министерството за здравство покажуваат дека барем една доза вакцина примиле 61% од населението над 70 години, 58% од населението над 65 години, 53% од населението над 60 години и 43% од населението над 50 години.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Ревакцинацијата, пак, се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.






