среда, 20 мај 2026

Учебната година ја започнaa околу 250 илјади ученици

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Минстерството за образование и наука, генерално образовниот систем е добро подготвен и без потешкотии се се спроведува според планот.

„Би сакала да ви честитам на сите за максималниот ангажман за успешниот почеток и да продолжиме да работиме со истата посветеност и ентузијазам понатаму. Целта ни е заедничка, а тоа е квалитетно и современо образование за секое дете. Сите ние видовме колку е важно да се биде во училница, затоа апелирам на доследно почитување на протоколите“, рече министерката Царовска.

Министерката посочи дека образовниот систем е подготвен со уште две резервни сценарија, а дали и кога ќе се применуваат ќе зависи од епидемиолошката состојба, за што проценка ќе прави и ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести.

Како што соопштија од МОН, на состанокот се разговарало и за стартот на имплементацијата на реформските процеси, од оваа учебна година во прво и четврто одделение.

Директорите ја информирале министерката дека ги имаат обезбедено сите потребни дидактички материјали, нагледни средства, таблети и интерактивни табли кои се предвидени со новата наставна програма. Исто така, започнува спуштањето на дигиталните учебници до учениците од четврто одделение, а на првачињата веќе им се делат учебниците.

Учебници добија и учениците од другите одделенија кои ќе работат по старите наставни програми. Учебната година ја започнaa околу 187 илјади основци и 70 илјади средношколци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ