На тој натпревар Вардар ќе биде ослабен во дефанзивата, нема да игра Маневски кој е повреден, има скршеница на стопалото, а мечот ќе го пропушти и Велковски кој има мускулна повреда.
Од клубот потврдија дека по повредата и операцијата во тимот се враќа Сековски.
Потврдено е и првото заминување, истече договорот на Фаустин Сенгор и неговиот престој во Скопје нема да биде продолжен.






