недела, 17 мај 2026

Ревакцинирани се 272.129 лица

Објавено на

часот

Сподели

„Прва доза вакцина вчера примиле 6076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10 817. Во државата вкупно се аплицирани 725 902 дози вакцини. Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба“, наведува Министерството за здравство.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 арената во Скопје.

Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години,  55 отсто  од повозрасните од 65 години, 51 отсто од населението над 60 години и 41 отсто од тие што се на возраст над  50 години.

Министерството апелира до граѓаните да се вклучат помасовно во вакцинирањето за  да се надмине епидемијата  со вирусот. Информира и дека веб-страницата vakcinacija.mk е отворена за закажување термини за вакцинација на деца. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ