Засега се издадени решенија за изолација за 13 лица. Од ДЗСИ велат дека епидемиолишка анкета на контактите е во тек.
„Од лицата кои во текот на вчерашниот ден се вратија од одмор од Грција до овој момент решение за позитивни лица упатени на домашно лекување имаме 5 позитивни и 13 решенија издадени по основ на контакти“, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова за Сител.
Д-р Бухова рече дека епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е се уште во тек и оваа бројка може да биде променета.






