вторник, 19 мај 2026

Пендаровски побара да се отворат и нови лекторати по македонски јазик на странски универзитети

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски рече дека се тоа пријатели кои несебично помагаа во првите, исклучително тешки години од нашата независност, но дека тоа го прават и денес.

„Во годината кога ја одбележуваме и 30-годишнината од нашата независност, треба да се потсетиме дека културната дипломатија е најдобрата стратегија во напорите на помалубројните народи за нивно етаблирање во меѓународната заедница“, рече шефот на државата и упати благодарност до сите слависти-македонисти од странските универзитети и научни институти.

„Годинава одбележуваме сто години од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески и токму затоа, оваа 2021 година е посветена на неговото велико дело. Како покровител на овој голем јубилеј – ‘2021 – Година во чест на Блаже Конески’, им благодарам на организаторите на Меѓународниот семинар што и Зимската школа, којашто, впрочем, беше и првата активност во рамките на содржините на јубилејот, и претстојнава 54. Летна школа, ги посветуваат на творештвото на Блаже Конески“, рече Пендаровски.

Тој рече дека покрај лекторските вежби, предавањата, како стожерна програмска содржина, ќе бидат посветени на теми од животот и од творештвото на Блаже Конески и дека се предвидени обраќања на еминентни предавачи, кои извонредно го познаваат неговото дело и кои ќе опфатат различни аспекти од неговото дело.

„Сигурен сум дека запознавањето со делото на Конески ќе биде додадена вредност за педесеттемина учесници коишто ни доаѓаат од 16 земји од три континенти. Тоа е бројка за почит и сведочи за несмалениот интерес за изучување на македонскиот јазик и на македонската литература и за подлабоко запознавање со македонската култура. Со тие факти, со право, треба да се гордееме, но тие истовремено и не обврзуваат да продолжиме да ги развиваме и да ги унапредуваме врските со сите посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура“, порача претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ