среда, 20 мај 2026

Младоста не штити од ковид-19 како што мислевме кога почна епидемијата, предупредува д-р Стевановиќ

Објавено на

часот

Сподели

Таткото на починатото девојче во епидемиолошката анкета навел дека и мајката починала од последици од ковид-19.

Д-р Стевановиќ апелира до младите да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките бидејќи, како што вели, младоста сама по себе не штити од ковид, како што се сметаше на почетокот од епидемијата.

„Имаме работа со тешка инфекција и мора да бидеме исклучително сериозни, независно од младоста. Младоста не нè штити така како што сметавме или се надевавме на почетокот на епидемијата”, вели д-р Стевановиќ.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 160 ковид-пациенти од кои 10 до 15 примиле една или две дози на вакцина. Според Стевановиќ, клиничката слика на оние што примиле вакцина е драстично полесна отколку кај невакцинираните.

„Пациентите што примиле вакцина, а се хоспитализирани, претежно се со други придружни коморбидитети поради кои мораме да ги надгледуваме”, вели Стевановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ