Со последните бројки 60% од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 57% од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.






