вторник, 2 јуни 2026

Николоски: Eдинствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза

Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии, најавува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

-„Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг – летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А, од Скопје имаме две одлични летни дестинации, што ќе продолжат и после летото, но, така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена држава што отвара нови летови, вели Николоски.

Дополнително, Николоски вели дека целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот аеродром, што значи дека заради добрата организација во Скопје, фунционираат и овие два аеродрома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ