За денеска синоптичарите најавуваат локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.






