„Граѓаните во најголема мера даваат недвосмислена поддршка на Македонија кон европскиот пат, но исто така сличен процент граѓани сметаат дека државата не треба да прави повеќе отстапки за да стане дел од ЕУ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат на Македонија не треба да е еднонасочна улица, туку дека Бугарија треба да ги испорача нејзините обврски, како што се пресудите од Европскиот суд за човекови права.
Секако, оваа државничка политика, во која не прифаќаме уцени и диктати од официјална Софија, не им се допаѓа на Бугарија и на специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, кои имаат добро координирани ставови и тези, кои ги пласираат во јавноста.
Ваквата мекотелна политика на Филипче и СДС со потчинувачки изјави и отворени симпатии кон Бугарија нема да му донесе добро нему, но не ѝ носи добро и на државата. Така беше и со Заев, така беше и со Ковачевски, а сега истото и со Венко Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови понижувања во евроинтегративниот процес на Македонија“, рече Манасиевски.






