„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
Дополнително, Костовски бара реакција и од другите надлежни институции.
„Ги повикувам и Државната изборна комисија, како и Јавното обвинителство, да се стави крај на ваквото политичко насилство врз истомисленици и политички противници. Ова веќе не смее да се случува во едно цивилизирано и демократско општество“, порачува Костовски.
И покрај притисоците и насилствотото, коалицијата продолжува со кампањата.
„Мојата порака од тука е дека ние вечерва ќе одржиме митинг во Средорек и ќе ја дадеме нашата поддршка“, порача Костовски.






