петок, 16 мај 2025

Комерцијална банка донираше амбулантно возило во болницата во Кочани

Ново амбулантно возило за транспорт на пациенти доби ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани, како донација од АД Комерцијална банка – Скопје.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Вoзилото фиат дукато е комплетно опремено со неопходните медицински помагала за итна интервенција, носила, систем за давање кислород и за пренос на пациенти. Приоритетно ќе се користи за интервенциите на итната медицинска помош, а по потреба и за другите одделенија во Болницата.

„Упатуваме благодарност до менаџерскиот тим и вработените во Комерцијална банка, кои позитивно одговорија на нашиот повик до општествено одговорните компании во државата да ни помогнат, секоја според своите можности. Донирањето на ова возило ќе ни помогне навремено и брзо да ги транспортираме пациентите до други здравствени установи. Веднаш по пристигнувањето во кругот на болницата, тоа уште претпладнево беше ставено во функција со превезување пациент на ортпопедската клиника“, истакна Кристина Серафимова, директорка на Општата болница.

 

За неполн месец ова е втора донација на амбулантно возило за потребите на Општата болница во Кочани што го донираат општествено одговорни компании, со што се подновува застарениот и дотраен возен парк и се подобруваат условите за давање услуги во итна медицинска помош.

 

Потребата од нови транспортни средства особено се почувствува по неодамнешниот трагичен пожар, во кој повредените се превезуваа со сите возила со кои располага здравствената институција, а се користеа и приватни автомобили и возила од други компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ