петок, 14 ноември 2025

И денеска „Марш на ангелите“ во Кочани

Попладнево во Кочани се одржа 27-oт „Марш за ангелите“ според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава. Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

Објавено на

часот

Сподели

Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и полициската станица.

„Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде  и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ