понеделник, 10 ноември 2025
Локални избори 2025

Филипче од Струга: Да се мобилизираме, да ја сопреме неправдата

Oвие локални избори не се обични, oва е момент за силен СДСМ, кој ќе биде силен противник на ВМРО-ДПМНЕ, порача лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати Македонија на граѓаните”, порача Филипче на присутните.
Тој додаде дека без нив нема СДСМ и нема иднина за правдата, еднаквоста и слободата.
„За успех во оваа борба нашата задача е јасна: да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата. Вие, најверните поддржувачи, сте моторот на тоа враќање”, порача Филипче.
Тој нагласи дека поддршката за СДСМ значи дека Македонија ќе продолжи да се развива чесно, со грижа за сите граѓани.
„СДСМ не е само партија – ние сме движење за слобода, правда и еднаквост. Сега, кога државата е загрозена од ВМРО-ДПМНЕ, вашата енергија и вашиот глас се поважни од кога било“, истакна Филипче.
Тој ја истакна и кандидатската листа на СДСМ во Струга, предводена од Димче Шипинкаровски, која ќе покаже дека политиката може да биде чесна работа, посветена на граѓаните и солидарноста.
„Важно е да се избориме за максимален број советници во Советот на Струга. Само така ќе бидеме силни, со планови и проекти за развој и подобар живот за сите граѓани“, нагласи Филипче на трибината на СДСМ и коалицијата под слоганот „Се бориме за нашиот дом”.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ