вторник, 14 април 2026

Занаетчиите побараа субвенции за најавениот раст на минималната плата

Објавено на

часот

Сподели

Најавеното зголемување на минималната плата дополнително ќе го оптпвари работењето на занаетчиите, вели Агрон Фазлији, претседател на Комората.

„Не е дека не сакаме да се зголеми минималната плата, но не сме сите во можност, бидејќи нема приходи. Единствен услов под кој би го прифатиле ова зголемување е државата да ги субвенционира разликата од 3.000 денари, како и придонесите и давачките кои произлегуваат од ова покачување“, изјави Фазлији.

Во интерес на социо-економската одржливост на занаетчиите, микро и малите претпријатија, Занаетчиската комора реагира и за најавената криза во енергетиката и предвидувањата дека можно е да се зголеми цената на електричната енергија.

„Занаетчиите плаќаат поскапа индустриска електрична енергија, а потрошувачката од овие микро и мали занаетчиски дуќани воопшто не може да се спореди со потрошувачката кај поголемите индустриски капацитети. Не може еден фен или една занаетчиска машина да троши толку големо количество на електрична енергија за да се спореди со големите индустриски капацитети. Микро и малите занаетчиски дуќани немаат толкав капацитет за да направат голема потрошувачка на електрична енергија. Поради тоа бараме микро и малите претпријатија да се стават во посебна ставка и да не плаќаат скапа индустриска струја“, рече Фазлији.

Занаетчиската комора веќе ги доставила барања до Владата и до Министерството за економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ