Чакаровски информира дека е донесена одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, а според која, доколку до 25 во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден. Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно, како што рече Чакаровски, нема да работиме веќе од наредниот ден.
Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера изутрина и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови.






