вторник, 14 април 2026

В недела ќе се активира вториот блок во РЕК Битола, се работи на оспособување на третиот блок

Објавено на

часот

Сподели

Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски при посетата на РЕК Битола најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.

Ковачевски и Трповски се задоволни од зголемената динамика на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и формирањето на солидни залихи на депонијата од која се снабдува Термоелектраната.

Инаку, во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој в недела треба да биде ставен во функција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ