вторник, 14 април 2026

Туроператори од Молдавија заинтересирани за Скопје и Охрид, но и за екскурзии низ Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Откако детектирале интерес за посета на Охрид и Скопје од страна на нивните туристи, молдавските туроператори ја прошируваат својата програма и наместо како дел од кружна автобуска тура, Скопје и Охрид ќе влезат како независна понуда во каталозите на туроператорите од Молдавија.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) се обидува да се прилагоди на промените наметнати од пандемијата со ковид-19. Очигледна е промената на пазари кои се во фокусот. Последнава година има неверојатен интерес за посета на РС Македонија од страна на земјите од источно-европскиот блок, со кои претходно не сме имале интензивна соработка. Очекувам отворањето на овие пазари да донесе нова енергија, а ние ќе продолжиме да работиме на квалитетна промоција со цел да привлечеме посекувани профили на туристи“, изјави директорот на АППТ, Јаневски.

Посетите на Македонија од овој пазар досега биле дел од кружна, комбинирана, автобуска тура Албанија-Македонија, а овојпат посетата на молдавските туроператори покрај Охрид и Скопје ќе вклучи и посета на зимски ресорти, хотели, туристички локалитети.

За време на нивната посета на земјава, молдавските туроператори имаа средби со домашниот туристички сектор за подетално и непосредно да ги разгледаат опциите за соработка. Скопје и Охрид се во фокусот, но интересот е насочен и на екскурзии во Тетово, Маврово, Струга, Вевчани и Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ