среда, 15 април 2026

Сeaвус ја отвори првата канцеларија во Полска

Објавено на

часот

Сподели

„Новата канцеларија ќе го зголеми нашиот капацитет и талент, и ќе ни овозможи подобро да им служиме на нашите клиенти. Изминативе неколку години, видовме континуиран развој во обемот и работењето на нашиот бизнис, глобално растеме и ја зајакнуваме нашата експертиза во процесот на дигитална трансформација во повеќе индустрии. Имајќи го ова на ум, решивме да го зголемиме нашето присуство во ЕУ и ја развиваме канцеларијата во Варшава врз основа на нашите стратешки планови за континуиран раст“, вели Дејан Петрески, главен оперативен директор на Сеавус.

Сeaвус е водечка компанија за развој на софтвер, основана со цел да креира и понуди напредни решенија соодветно со потребите на компаниите и пазарот. Од своето основање спроведува стратегија на континуиран раст и развој, во обемот и доменот на работата, со што создава висококвалитетни ИТ решенија и услуги што го моделираат работењето на денешните компании, но и воопшто во ИТ индустријата.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ