среда, 15 април 2026

Правда за штедачи: Како Васка Василева ја затворила фирмата „Коноба голд“ со долг од 300 илјади евра добиен со обична меница

Објавено на

часот

Сподели

„Васка Василева е сопственик и управител на оваа фирма, депонент на Комерцијална банка. Фирмата ја основала во јуни 2015 година, со непаричен влог од 5 илјади евра и со седиште во општина Карпош во Скопје. И покрај долгот кон Еуростандард банка, Васка Василева ја затворила фирмата со тоа што Централен регистар ја избришал истата на 27 февруари 2020 година, на основа на неподнесена годишна сметка за 2017 година согласно член 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва. Истиот принцип се повторува со многу фирми должници кои ја ограбија Еуростандард банка во сојузништво со високото раководство на Еуростандард банка и високо поставената државна Народна банка.

И сега!? Издадена е обична меница за кредит на фирма која изгледа се основала за да се украдат парите на депонентите во Еуростандард банка, да не се враќа долгот и да се затвори фирмата на основа на неподнесување на годишни сметки. Државата молчи, надлежните институции молчат. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исто така молчи за да се спроведе стратегијата за масовно уништување на човечките животи на 3.000 семејства во државата. На фирмите доверители кои државата ниту ги заштитила со закон за обештетување, а законски ги условува да работат исклучиво и само преку банки и да плаќаат даноци за да може да работи тој државен апарат. Со наши пари да бидеме оштетени од оние кои ги плаќаме секој месец за да не заштитат. Народната банка, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнување, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и други комисии и тела кои постојат да го спречат ова зло, нѐ ставија на врвно место во светот според корупцијата која беснее во државата.

Зошто државата ја штити Васка Василева за криминалот што го направила? Свесно ја завторила фирмата, а нѐ ограбила сите нас. И такви како Васка има стоитици во кредитното портфоло на фирми од ограбената Еуростандард банка. Ќе се одважат ли конечно инститиуциите после 14 месеци молк да постапат? Има ли институции во државава? Зошто ги плаќаме секој месец? И најважно, постои ли некаква одговорност“, прашуваат од здружението Правда за штедачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ