среда, 15 април 2026

Пет осигурителни компании исплатиле 4,6 милиони евра на граѓани од животно осигурување

Објавено на

часот

Сподели

Во споредба со истиот период лани исплатените износи за осигурување живот кои осигуреници ги наплатиле, се зголемени за 42 отсто односно 1,36 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Осигурителните полиси за осигурување живот, во зависност од условите на договорот т.е. полисата, покриваат ризици од смрт, инвалидитет, но воедно и многу често можат да бидат и начин на штедење. Притоа осигуреникот освен вложените средства може да добие и дел од приносот (камата) на вложените средства.

Според АСО, најголемо учество во вкупната исплата имаат полиси за животно осигурување кај кои осигуреникот добива и дел од приносот (камата) на вложените средства и по тој основ во првото полугодие годинава се исплатени 245,9 милиони денари, односно 4 милиони евра.

Во овој период компаниите исплатиле 86,77 милиони денари или 1,4 милиони евра на осигуреници кои одлучиле пред истек на договорениот рок за осигурување да ги повлечат своите вложени пари, таканаречен „откуп на полиса“. Во споредба со истиот период лани овој износ годинава е повисок за 36 отсто. Причина за откупот на полиси често се случува ако осигуреникот добие подобри услови за вложување во некоја од конкурентските компании за осигурување живот.

Кај набрзо растечкиот од продуктите на осигурување живот т.н. „јунит линкд“, кога осигуреникот го прифаќа ризикот од вложување во удели на инвестициски фондови, има тенденција на раст на исплати. За првите шест месеци годинава иматели на вакви полиси наплатиле 10,46 милиони денари (170.000 евра) и тоа е за 91 отсто повеќе од истиот период 2020 година.

Инаку, во истиот период од шест месеци годинава граѓани и компании вложиле 908 милиони денари (14,76 милиони евра) или 9,6 отсто повеќе од истиот период лани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ