Токму оваа идеја го водеше ZOE тимот во креирањето на новата колекција посветена на сите љубители на овој успешен бренд.
Секоја жена е посебна, со уникатна фигура и специфични карактеристики, со различни сили што ја придвижуваат и несигурности кои понекогаш ја разнишуваат нејзината самодоверба… Но, во сите овие различности, едно нешто е заедничко – љубовта кон сопственото тело. Затоа, апсолутно секоја ZOE дама е инспирација за оваа есенска колекција.
Покрај класичните ZOE хеланки, маички и спортски градници, колекцијата носи и бројни новитети. Новиот дизајн на тренерки, долна облека, чорапи, хулахопки со два различни дезени, и ластичиња за коса, се само дел од приказната на Zoe Muse.
Колекцијата носи и две нови бои – маслинесто зелена и кафена во мат и сјајна верзија. Станува збор за сосема нова комбинација на материјали со врвен квалитет кои заедно прават уникатен контраст во дизајнот.
Овој пресврт ја прави колекцијата ZOE MUSE различна од претходните.
Пронајдете го омиленото ZOE парче во продавниците на Полео спорт во Ист гејт и Скопје сити мол.






