Трудовите, како што посочуваат од Народната банка, треба да бидат изработени согласно трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, додаваат, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
„Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер“, појаснуваат од Народната банка.






