среда, 15 април 2026

MAПАС до младите: Информирајте се, имате право на удобни пензионерски денови

Објавено на

часот

Сподели

„Едукацијата и информирањето на јавноста е долготраен и континуиран процес. Целта е подигнување на свеста кај населението за придобивките и карактеристиките на тристолбниот систем како важен дел од социјалното осигурување. Нашата постојана посветеност за пензиска едукација на населението дава позитивен резултат, а ние и во иднина ќе продолжиме со едукативните активности, вели Али.

Капитално финансираното пензиско осигурување има вкупно шест пензиски фондови, три задолжителни и три доброволни. Повеќе информации за задолжителните и доброволните пензиски фондови, за регулативата и нејзините промени, како и за правата и обврските на членовите може да се најдат на интернет страницата www.penzija.mk.

МАПАС ги поттикнува граѓаните да се информираат за правата, обврските и придобивките од задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Во 18 часот денеска МАПАС преку својата фејсбук страница организира квиз на знаења, а најуспешниот натпреварувач, оваа недела ќе биде награден со таблет. Квизот ќе се одржува еднаш неделно во текот на три недели во живо.

МАПАС организираше и ликовен конкурс за деца на возраст од 6-11 години на кој учесниците испраќаа свои цртежи. Најдобрите цртежи ќе бидат подарени во домови за стари лица, авторите на најдобрите цртежи ќе добијат подароци – училиштен прибор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ