среда, 15 април 2026

Македонија произведува 4,1 илјади тони кафе, Србија 20, а Италија на врвот со 616 илјади тони

Објавено на

часот

Сподели

Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.

Вкупно 2,9 милиони тони кафе се увезени во 2020 година во ЕУ, што е раст од седум проценти споредено со 2010 година.

Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32 проценти и Виетнам – 22 проценти, по што следат Хондурас – 7 проценти, Уганда – 6 проценти и Колумбија – 5 проценти.

Околу 38 проценти од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19 проценти, Белгија – 11 проценти, Шпанија – 9 проценти и Франција – 7 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ